Skip Navigation Links
Skip Navigation LinksДома > Решенија > Осигурување

ЕОС
еос
решение за осигурителни компании
ЕОС е решението за работа на осигурителни компании. Тоа е најнов продукт на нашиот развоен тим и некои модули и функционалност се се уште е во фаза на развој. Решението се развива во насока да биде
  • интегрално (да ги обедини сите процеси во осигурителниот бизнис)
  • крајно кориснички ориентирано
  • едноставно за користење (поедноставени постапки)
  • флексибилно (да му даде слобода во работата на корисникот)
  • максимално автоматизирано (избегнување на некои рутини кои се повторуваат)
  • отпорно на грешки (користење на контролирани шаблони и валидација)
 
ЕОС е планиран да ги опфати сите деловни процеси во осигурителното работење:
деловни процеси
Полисирање
  • администрација на клиенти, регистар на возила, партнери, тарифен модел, доплати, попусти, премии, клаузули, изработка на спецификации, пресметки , автоматско генерирање на полиси, автоматско задолжување/раздолжување на клиентите, евиденција и распределба на уплати
Штети
  • евиденција на клиенти, шифрарник на ризици, пријава на штети, проценка и резервација на штети, ликвидација, рефундација на штети
Правна служба
  • работа со клиенти, тужби
Финансии и книговодство
  • премиско и финансово книговодство (налози, аналитика, главна книга, профитни центри/место на трошок, ИОС, компензации, цесии, извештаи од аналитика и главна книга, рекапитулари и бруто биланси)
Аналитика и извештаи
  • стандардни извештаи, специфични извештаи , ad-hoc извештаи, визуализација на извештаи
Автоматизација
  • комуникација со Националното биро за осигурување, комуникација со Агенцијата за супервизија на осигурување, автоматско книжење кон финансово книговодство
Управување со човечки ресурси
  • кадрова евиденција, администрација на вработени, организациско управување, водење на кредити, пресметка на плата, исплатни листи, рекапитулари за плата (за цела фирма и по организациони единици), автоматско генерирање на податоци за МПИН, годишни извештаи (ПДДГИ)
Управување со основни средства
  • евиденција на основни средства, задолжување на вработени, администрација на статуси, организациска на основни средства по микро и макро локации, пресметка на амортизација и револаризација, пописни листи, извештаи

Кликнете на сликата за прегледување

Тарифен систем Регистар на возила Референти
Дневник на документи Спецификација Полиса и фактура
Полиса автоодговорност Полиса патничко осигурување Уплати
Распределба на уплати