Skip Navigation Links
Skip Navigation LinksДома > За нас > Корисници

Наши корисници
   
Некои успешни реализирани проекти кај наши корисници.
За имплементираните решенија кај повеќе корисници, побарајте информација директно во нашата компанија.
 
Дејност : Производство
MESSER е на компанија која се поврзува со производство и трговија на медицински и индустриски гасови. Во компанијата е имплементиран интегриран информациски систем кој комплетно го покрива материјалното и финансиско деловното работење, започнувајќи од следење на процесот на производство на гасови смеши, трговијата со гасови до следење на амбалажата (боците). Информацискиот систем за заокружува со имплементација на систем за управување со документи. Модули од ИИС се успешно имплементиран и во подружницата на MESSER во Краљево, Србија.

Дејност : Трговија
Групацијата Магнеик е лидер во дистрибуцијата и малопродажбата на текстилни производи.Компанијата денес е составена од 4 фирми кои заедно ја сочинуваат Магнетик Групацијата, која ги има ексклузивните права на дистрибуција и продажба на Marella на Max Mara, Tommy Hilfiger, Liu Jo, Basler, Paul&Shark и Gerry Weber во Македонија. Во Партнерство со компанијата Notos Com Holdings S.A. ги дистрибуира уште и L’Occitane , Lacoste и Gant во Македонија и Косово. Во сите фирми на компанијата во Македонија и Кососво е имплементирано решение за малопродажба, максимално автоматизирано, од приемот на робата, формирање ценовници, печатење декларации, продажба до финансиска евиденција.

Дејност : Здравство
ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон е највисока здравствена и наставно-научна институција од областа на стоматологијата во Република Македонија. Составена од вкупно дванаесет одделенија и клиники во кои се даваат стоматолошки услуги, услуги од естетска стоматологија, се одвива научно-истражувачка работа и едукативна дејност. Долгогодишната соработка со нашата компанија даде како резултат имплементација на интегриран информациски систем кој ги покрива медицинско-здравственото и материјално-финансиското деловно работење.
Дејност : Јавни и царински складишта / Услуги
АГРОНОВА е компанија која располага со јавни и царински складишта во Скопје. Специјално по нивно барање врз основа на анализата на деловно работење направен е дизајн и развиено е решение наменето за шпедитерско, царинско работење и автоматски поврзано со финансискиот подсистем на фирмата. Решението е специфично што успешно интегрира два подсистема развиени на различна платформа.